Од денеска е пуштена нова банкнота од 50 евра. Еве како изгледа

Централните банки во еврозоната од денеска во оптек ја пуштија новата банкнота од 50 евра, која според Европската централна банка (ЕЦБ) е потешка за фалсификување.

„Дури и во дигитална ера, готовината е се уште неопходна во нашата економија“, објасни претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

Новата банкнота има повеќе од десет безбедносни жигови, бидејќи околу 60 проценти од сите откриени фалсификати биле банкноти од 50 евра.

По банкнотите од пет, 10 и 20 евра ова е четврта нова банкнота пуштена во оптек од т.н „серија Европа“. Новите банкноти од 100 и 200 евра се очекуваат на почетокот на 2019 година.

50-evra

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e