Месечарел па паднал од 8. кат и останал жив!

Месечар во сон излегол низ прозорецот од станот и паднал од осмиот кат.

Ренди Потисан (35) паднал на градежмо скеле шест катови подолу од катот каде се наоѓа неговиот стан во Њујорк и останал жив. Него пожарникарите од кренале од скелето и низ прозорецот го внеле во неговиот стан каде дошла итната помош.

Ренди при падот скршил нога и го повредил градниот кош и грбот, но ќе се оправи.

Неговиот брат рече дека Ренди и претходно месечарел.

Девојката на Ренди рекла дека тој главно зема апчиња за спиење при одење во кревет.

-Загрижена сум за него. Се плашам дека следниот пат можеби нема да има толку среќа, рече неговата мајка.

Луѓето кои користат апчиња без рецепти почесто се во опасност од месечарење. Истражувањето од 2012 година спроведено на Универзитетот Стенфорд покажа дека 3,6 отсто од возрасните луѓе месечарат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ