Мажите кои гледаат порно филмови, уживаат во сексот со партнерката

Најчесто луѓето мислат дека порно филмовите се виновни за лошиот сексуален живот на паровите. И тоа мислиме на фактот дека акцијата на екранот може да ја замени онаа во реалниот живот. Но, едно ново истражување тврди дека е само мит за тоа како мажите кои гледаат порно филмови, уживаат во честиот секс со своите партнерки.

Со други зборови, истражувањето доведе до прашање дали порнографијата може да наштети на сексуалниот живот.

Во истражувањето во Лос Анџелес присуствуваа 280 мажи, од кои 127 беа во долги врски. Испитаниците морале да пополнат прашалници со прашања за тоа колку често гледаат порно филмови (од 0 до 25 часа неделно) и задачи за да ја оценат својата сексуална желба. Исто така, мораа да гледаат порно филмови во лабораторијата.

Така истражувачите заклучија дека мажите кои често гледаат порно филмови, имаат поголем нагон за секс во реалниот живот.

“Нивниот одговор на сексуалната стимулација беше посилна од онаа на оние луѓе кои не гледаат такви филмови”, заклучија истражувачите.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e