Кои се 10 – те најсреќни земји на светот во 2017 година?

Светскиот извештај за среќа, клучни состојки неопходни една земја да се прогласи за среќна опфаќаат доброто здравје, повеќе општествена поддршка, доверба во влада, поголем БДП по глава на жител ивеликодушност.

Според Светскиот извештај за среќа за 2017 година, Данска повеќе не е најсреќна земја на светот. Која земја го заземала првото место?

Ви ја претставуваме листата на 10 најсреќни земји на светот, како и што ги прави најпожелни дестинации во 2017 година.

10. Шведска. Во Шведска, паузата за кафе е светост. Швеѓаните секојдневно одвојуваат време да го забават темпото и да уживаат во фики, кратка пауза која ја прават сами или во друштво.

9. Австралија. Австралија има 10.685 плажи, така што само е прашање дали повеќе сакате помирни и попусти плажи или оние во кои едвај можете да пронајдете место за својата крпа.

8. Нов Зеланд. Нов Зеланд е дом на единствени видови пингвини, вклучувајќи го жолтоокиот пингвин, Фјордландскиот пингвин и најмалите џуџести пингвини.

7. Канада. Шумите во Канада сочинуваат 30 отсто од тајгите и 10 отсто од севкупните шуми на светот. Уште нешто: не толку изненадувачки, но воздухот во Канада е со многу висок квалитет.

6. Холандија. Амстердам има 1.281 мост, што е три пати повеќе отколку во Венеција.

5. Финска. Се проценува дека во Финска (со популација од 5,3 милиони) има 2 милиони сауни.

4. Швајцарија. Швајцарецот јаде 11 кг чоколада годишно, па зошто не би ја посетиле оваа земја и вие да уживате во слатките деликатеси.

3. Исланд. Земја позната и како Земја на оганот и мразот затоа што вообичаените пејсажи ги прават глечерите и вулканите.

2. Данска. Копенхаген е како создаден за велосипедисти, па е најдобар начин да го обиколите на овој начин.

1. Норвешка. Од четвртото место од минатата година, Норвешка се искачи на првото. Ако сакате да ја видите поларната светлина, Норвешка е главна дестинација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e