Унгарците гласаат на референдум за или против бегалците

Унгарските избирачи гласаат денеска на референдум за задолжителните квоти на ЕУ за населување на мигранти во Унгарија.

Прашањето на анкетата гласи: „Сакате Европската унија да има право да наредува задолжително населување на неунгарски граѓани во Унгарија без согласност на парламентот?“.

Под „неунгарски граѓани“ се има во предвид мигранти кои побарале азил во ЕУ.

Анкетата до народот беше организирана во одговор на усвоениот од Брисел план за прераспределба на 160 илјади кандидати за азил меѓу 28-те членки на блокот.

За да биде валиден референдумот, на него треба да гласаат повеќе од 50 проценти од гласачите, кои се 8,27 милиони на број.

И покрај огромниот број на агитациски билборди, рекламни материјали и настапи на министри и пратеници во целата земја, кои ги повикуваат луѓето да гласаат, според социолозите во земјата, нема гаранција дека ќе биде достигната потребната излезност.

Очекувањата се дека оние кои одат да гласаат, масовно ќе се искажат против задолжителните квоти.

Премиерот Виктор Орбан се надева дека анкетата ќе и ја даде на неговата влада поддршката од која има потреба, за да се спротивстави на какви било идни планови на ЕУ за распределување ја на бегалци меѓу земјите членки, забележуваат агенциите.

Орбан сака да го сопре доаѓањето на голем број мигранти муслимани во Европа, кои, според него, се закануваат како на Унгарија, така и христијанската природа и култура на континентот. Унгарскиот премиер вели дека ЕУ треба да ја заостри контролата на надворешните граници, за да не им овозможува на мигрантите да влегуваат, слично како што има направено Унгарија, издигајќи огради по јужните граници со Србија и Хрватска.

Околу 400 илјади мигранти поминаа низ територијата на Унгарија минатата година на пат за Западна Европа, пред земјата да издигне огради по јужните граници кои пго сопреа речиси целосно протокот на илегални мигранти. Минатата година Унгарија даде азил само на 508 бегалци, а оваа година се очекува да прифати приближно ист број.

Мета

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e