При пожар во Дизниленд седум лица се наголтале чад, а осум автомобили изгореле

При пожарот што изби на паркинг во Дизниленд, седум лица се наголтале со чад, додека осум автомобили изгореле.

Седуммина вработени во Дизниленд вдишале чад, од кои четворица се хоспитализирани, но никој од нив не е во критична состојба.

Полицијата во Анхајм, Калифорнија проценила дека вкупната штета е околу 180.000 долари, наведувајќи дека можела да биде и поголема бидејќи во таа катна гаража дневно се паркираат илјадници автомобили.

Засега никој не е осомничен за предизвикување на пожарот, но претставниците не наведоа што точно го предизвикало огнот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e