Американското разузнавање за хакирањата директно го обвини Путин

Американските разузнавачки агенции, всушност три од 19-те кои учествувале во изработката на извештајот за наводните кибернетички напади за време на претседателските избори во САД – Централната разузнавачка агенција (CIA), Агенцијата за национална безбедноsт (NSA) и Федералното биро за истраги (FBI) посочуваат на „руско интервенирање“ по директен налог на претседателот Владимир Путин.

Според пренесувањето на деловите од споменатиот извештај (линк) од чии делови е симната ознаката за доверливост се објавени, рускиот претседател Владимир Путин ја наредил „кампањата за давање помош“ во 2016 година, насочена кон претседателските избори во САД. Нејзината цел била да се поткопа демократскиот процес и да се оцрни кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон.

Наредбата за оваа „кампања“ наводно ја дал лично Владимир Путин. Тој, заедно со руската влада се обидувал да ги зголемат шансите за победа на Доналд Трамп, смета американското разузнавање.

Средствата кон кои прибегнала Русија, според процените на CIA, NSA и FBI, вклучувале хакерски напади „со посредство на трети лица“, како и активности на медиумите и „потплатени тролови“.

Во документот се зборува у за тоа дека Русија имала пристап и до изборните комисии во САД. Притоа, авторите признаваат дека системот на нападите од страна на наводните руски хакери немаат никаква поврзаност со броењето на гласовите.

Интересно е што шест од 14-те страници на документот се посветени на работата на руските меѓународни медиуми, агенцијата Sputnik и телевизијата RT, коишто според американското разузнавање особено ја претставувале Хилари Клинтон, поранешната прва дама и државна секретарка, поразениот кандидат на Демократската партија на изборите на 8-ми ноември, во негативен контекст, концентрирајќи се на скандалот со истекувањето на нејзината доверлива службена преписка и на шпекулациите за нејзината здравствена состојба.

Истиот дел од извештајот, посветена на влијанието на телевизијата RT на американската политика, бил направен и отпечатен во Центарот на CIA за отворени извори на информации (Open Source Center) бил направен уште во 2012 година, забележуваат медиумите.

Американските разузнавачи, исто така, укажуваат дека по Летните олимписки игри во Риоа, руските хакери како една од своите главни цели ја избрале Светската антидопинг агенција (WADA), која суспендираше стотици руски спортисти поради земање недозволени средства. Хакерите, наводно, особено се фокусирале на истекување на податоците за американските спортисти, покажувајќи дека земале забранети супстанции, а ова ѝ се припишува на Главната разузнавачка служба (ГРУ), руската воена тајнан служба.

Во извештајот се наведува дека ГРУ ги искористил идентитетот на хакерот Guccifer и страницата DCLeaks.com за да ги објави податоците добиени како резултат на хакерските упади, и токму оваа руска агенција му ги предала доверливите преписки по хакирањето на компјутерскиот систем на Националниот комитет на Демократската партија на разобличувачкиот интернет ресурс WikiLeaks кој пред изборите објави стотици илјади доверливи преписки за контактите на челните луѓе на американските демократи, што доведе до серија оставки во врвот на партија и непријатни сознанија за начинот на фаворизирањето на Хилари Клинтон во текот на предизборите против нејзиниот опонент сенаторот Берни Сандерс.

Дури и по завршувањето на изборите, Москва според американското разузнавање, се обидела да ги хакира американските експертски центри и невладините организации во областа на националната безбедност, одбраната и меѓународната политика. Ова било правено за да се соберат материјали со коишто ќе можат да бидат употребувани во иднина за влијание внатре во САД, се вели во документот.

„Сметаме дека Москва ќе ги користи овие искуства утврдени во рамките на нејзиното фокусирање на американската предизборна кампања, за чиешто извршување наредба дал Путин, за натамошни обиди да се влијае на други земји во светот, вклучително и сојузниците на САД и нивните изборни процеси“, заклучуваат авторите на извештајот.

Американските медиуми по објавата на документот оценуваат дека всушност во него се повторени поранешните обвинувања давани во текот на изборната кампања. Весникот The Washington Post, повикувајќи се на американски функционер, кој бил запознаен со целиот извештајот и пред неговото објавување, оценува дека во него нема никакви сензационални податоци, дури и во класифицираниот дел од извештајот.

Избраниот американски претседател Доналд Трамп, кој во четвртокот во Њујорк се сретна со челниците на американските разузнавачки агенции на брифинг во вриска со „руското хакирање“, беше категоричен дека хакирањата не влијаеле на исходот од претседателските избори и под сомневање го стави наводното руско хакирање на северите на Демократската партија.
Основачите на WikiLeaks, од своја страна негираат дека електронските писма од овој сервер кои ги објавија, нивната организација ги добила од руската влада. Путин, пак, уште есеноска изјави дека објавените материјали не содржат никакви информации кои би ја интересирале или би биле во полза на Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ