Американец ограбил банка за да избега од жена му

Минатиот септември, Лоренс Рипл, 70. годишен жител на Канзас Сити, ограбил банка и чекал во холот на банката за да пристигне полицијата.

Според изјавата што ја дал денеска, на неговото судење, тој се одлучил да ја ограби банката за да избега од жена му. Тој им рекол на истражителите дека побрзо би лежел во затвор, отколку да седи дома.

Рипл влегол во банката и на банкарот му дал лист хартија на кој што пишувало дека носи пиштол и дека бара кеш. Добил само околу 3000 долари, по што отишол кај обезбедувањето во банката и заедно ја чекале полицијата.

Од полицијата изјавиле дека мирниот крадец намерно ја избрал таа банка, која што имала полициска станица во близина. Рипл им кажал дека утрото имал расправија со жена му, по што решил да не се враќа веќе дома.

За оваа „авантура“ на американецот сега му се заканува затворска казна до 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e