(ВИДЕО) Ременски: Починати лица примале пари за помош и нега

Изјава
Фросина Ременски, министерка за труд и социјална политика
Скопје, 23.11.2016

Почитувани,

По претходно добиени сознанија и докази за злоупотреби и незаконитости во работењето на повеќе центри за социјални работи доставени до МТСП, ја продолживме праксата за редовно и вонредно инспекторирање на центрите и нивната работа.

До денес со Центрите за социјални работи во РМ, раководат директори кои потпишаа менаџерски договори како нивна законска обврска, директори кои и покрај утврденото незаконско работење и разрешување во претходниот мандат со една, законски спорна одлука на Владата на РМ, беа вратени на раководните функции, и старо-нови реизбрани директори во текот на месец август оваа година, повторно без исполнета законска обврска за потпишување на менаџерски договор.

Со решение формирав шесточлена комисија за инспекциски надзор која изврши и врши надзор во неколку центри за социјални работи во РМ. Комисијата, во периодот од 05.10 – 14.11. 2016 година, заради обемноста и сложеноста на материјалот спроведе вонреден инспекциски надзор во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Тетово во траење од шест работни дена. Присутни на надзорот беа: Директорот на Центарот, раководителот на одделението за парични давања и двајца стручни работници.

Комисијата во овој период прегледа 234 предмети, од кои 194 предмети на корисници на право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице или познато како право на туѓа нега.

Врз основа на извршениот увид во списите, актите и документите во предметите на корисниците на правото на туѓа нега, списите на уплатници за исплата на правото на надоместокот и известување од Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги, констатирана е следната фактичка состојба:

1. Центарот за социјални работи во Тетово не постапил по службена должност како законска обврска од член 181 став 1, член 189 став 2, член 191 и членовите од 209 до 213 од законот за социјална заштита, а со тоа не ја утврдил настанатаа промена во условите за користење на правото на надоместок за нега од дтруго лице.
Поради ова, Центарот и по престанокот на условите за стекнување на правото – настаната смрт не донел решение за престанок на користењето на правото што довело до неосновано користење на правото и неоснована исплата на средства по смртта на корисниците.

2. Центарот во предметите за кои имал сознане дека престанале условите за користење на правото на туѓа нега – настаната смрт, за што постојат вратени уплатници за исплата дека, лицето е починато, не обезбедило доказ по службена должност од матичната книга на умрени и не повел постапка за донесување на решение за престанок на правото на паричен надомест за нега од друго лице.

3. Во случаи кога центарот бил известен за настанатата промена во условите за користење на правто, односно дека корисникот е починат и бил доставен извод од матична книга на умрените или известување од роднини на корисникот дека корисникот починал, не водел постапка за донеување на решение за престанок на правото на туѓа нега.

Ваквата состојба е констатира во 134 предмети, односно за утврдени 134 починати лица од Тетово и тетовско и по нивната смрт течела неоснована исплата на средства од Буџетот на МТСП.

Поради вакво постапување извршена е неоснована исплата на 1.818.996 денари или близу 30 илјади евра.

Дополнително, утврдивме дека, тројца од 134-те починати лица за кои продолжило правото на туѓа нега и по нивната смрт, денес сеуште фигурираат во Избирачкиот список, за што навремено ќе ги известиме МВР и ДИК.

Како министер кој продолжува да се грижи за законитоста во работењето на јавните установи за социјална заштита и на министерството ги преземам сите неопходни мерки за уврддување на одговорност за горенаведеното преку соодветни пријави до надлежните инстиуции и преку воспоставен систем на контрола, особено во овој период.

Сакам да нагласам дека, со јавноста ќе ги споделиме сите незаконитости кои ги утврдивме преку законски спроведени постапки и обврски за надзор. Јавноста мора да дознае, како се злоупотребувале личните податоци на граѓаните, како се уништувала документација заради прикривање на финансиски злоупотреби, како фиктивно и реално се делеле решенија како изборно ветување, со други зборови кажано – колкава била негрижата за чесното работење на одговорните за тоа.

Во моментот МТСП води повеќе внатрешни постапки за утврдувањ на ваков тип злоупотреби, независно од постапките кои ги води СЈО со кое соработуваме во интерес на вистината и заштита на интересит на граѓените.

Одговори на новинарски прашања

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e