Вајгл демантира дека пренесол нешто што Груевски му го кажал

– Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам во македонската политика со прозивки на некои имиња и луѓе. Јас не знам да ја редуцирам вината на некое одредено име. Јас зборував за тоа што и претходно го кажав за „Нова ТВ“, а се разбира тоа е дека Македонија мора да ја доживее својата катарза на сопствената политика и патот за натаму е и преку тоа што го прави Специјалното јавно обвинителство. Доколку се утврди низ правосудството, дека постои некаква индивидуална одговорност на било кого, тогаш тој се разбира дека ќе мора во правната држава за тоа да сноси консеквенци – вели Вајгл.

На прашањето дали тој лично во некоја изјава или интервју го споменал поранешниот премиер Груевски и нешто што наводно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го кажал лично, словенечниот европратеник демантира дека зборувал нешто такво.

Медиумите вчера пренесоа изјава од европратеникот Иво Вајгел за турската новинска агенција „Анадолија“ во која европратеникот вели дека Груевски рекол дека ќе инсистира до крај затоа што не му се оди во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e