Управен суд одлучи, прегласување сепак ќе има! Можна промена на мандатите

Управниот суд ја уважи тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ за гласачкото место 2011 во Теарце, со што е изведно дека на тоа место ќе се прегласува. Управниот суд одби две тужби на СДСМ, едната за избирачко место 2025 во општина Теарце и втората за избирачко место 1978 во општина Тетово. Останува уште една тужба од СДСМ, како и таа на ВМРО-ДПМНЕ за Гостивар, за која ДИК одлучи дека треба да се прегласува.

Во Теарце се запишани околу 800 гласачи. На 11 декември гласале 404 лица, или излезноста била 56,58%.

ВМРО-ДПМНЕ добиле 91 глас, СДСМ 87, за ДУИ 53, за БЕСА 65, за Алијансата на Aлбанците 25, за ДПА 64 и Третиот блок по еден.

Бидејќи ова може да влијае на конечниот распоред на мандатите во оваа изборна единица, по одлуката на Управен суд која е конечна, ДИК треба да донесе одлука за прегласување. Разликата помеѓу ВМРО – ДПМНЕ И СДСМ е скоро 300 разлика.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека доколку има прегласување, неговата партија нема да учествува на изборите и резултатите нема да ги признае.

УПРАВНИОТ СУД ЈА ДОНЕСЕ СЛЕДНАТА:

П  Р  Е  С  У  Д  А

Тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонијана Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија-СДСМ, – Стевица Јосифовски, СЕ УВАЖУВА.

Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-488 од 18.12.2016 година, СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА:

Приговорот УП1.бр.10-488 од 13.12.2016 година, на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија, СЕ УВАЖУВА.

Гласањето на гласачкото место бр.2011 во Општина Теарце за Изборна единица број 6, СЕ ПОНИШТУВА.

Целото образложение можете да го погледнете на следниов линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e