Телеграма од Заев за загубата на еден од најпознатите актери на албанската драма Сефедин Нуредини

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на актерот Сефедин Нуредини.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име изразувам искрено и длабоко сочувство за загубата на Сефедин Нуредини.

Неговото заминување остава ненадоместлива празнина во вашето семејство, но и во театарската уметност во Република Македонија.

Сефедин Нуредини зад себе остави богато професионално творештво што несомнено и по неговата смрт останува патоказ со каква љубов, посветеност и работа се придонесува кон личниот напредок но и за развој на општеството во коешто живееме. Тој преку неговото животно дело и неуморната работа во создавањето на албанската драма покажа како е можно тоа да го постигне секој човек определен кон колективното добро.

Името на Сефедин Нуредини останува врежано во културната и општествената јавност во Република Македонија“. – стои во телеграмата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e