Шилегов: Очекуваме потписи за добивање мандат за составување Влада

Одговори на новинарски прашања,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 15.02.2017

Медиуми: Што содржи документот којшто беше испратен до ДУИ, и дали истиот е испратен и до БЕСА и Алијансата за Албанците?

Шилегов: Документот доставен до ДУИ во својата содржина е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање на мандат за состав на Владата.

Медиуми: Дали е доставен до БЕСА и Алијансата или само до ДУИ?

Шилегов: Доставен е до ДУИ. Во тек на вчерашниот ден колку што знам имале консултации помеѓу себе.

Медиуми: Дали имате повратен одговор за текстот?

Шилегов: Сега за сега, не. Нашите очекувања се дека повратниот одговор ќе бидат потписите за состав на Владата.

Медиуми: Дали е спорен законот за употреба на албанскиот јазик, може ли некои детали бидејќи разни шпекулации излегуваат?

Шилегов: Кажавме и тогаш, ќе дадеме и наш осврт на целокупната таа состојба од позиција на мандатар на Владата. Претседателот Заев ќе се осврне на сите тие прашања.

Медиуми: Има ли рок, до кога ќе чекате?

Шилегов: Секој политички субјект во Република Македонија треба да е свесен и одговорен за тежината и државна, и политичка, и општествена во којашто се наоѓа Република Македонија и согласно тоа треба да ги носи сопствените одлуки и да ја понесе сопствената одговорност.

Медиуми: Не останува многу време до одржување на локалните избори дали СДСМ е подготвена за локалните избори?

Шилегов: Веќе знаете дека Централниот одбор на СДСМ во текот на Јануари месец одржа тематска седница на којашто започнаа да течат роковите до нашите општински организации, за започнување на постапката и процедурата за локалните избори.

Медиуми: Имате ли комуникација со ДУИ?

Шилегов: Техничка комуникација постои помеѓу неформална комуникација, помеѓу претседателите на партиите. Тоа се телефонски јавувања, слушања, што е секојдневие во нашата работа. Очекуваме дека предлог документот којшто го доставивме до ДУИ, ќе обезбеди истите да ги дадат потписите за добивањето на мандат состав на Владата на Република Македонија.

Медиуми: Дали ви се обратиле од ДУИ, со барање за дообјаснување нешто, за елаборирање или појаснување?

Шилегов: Кажав на неколку пати, очекуваме дека тој документ ќе ги обезбеди потписите.

Медиуми: Што е со нејаснотиите околу употребата на Албанскиот јазик, велат дека тој е спорниот дел?

Шилегов: Шпелулациите по медиумите на неколку пати во изминатиов период кажавме дека нема да ги коментираме затоа што тоа се сериозни теми. Темите за прашањата за коешто конкретно ми го упатувате прашањето ќе ги коментираме од позиција на мандатари на Владата на Република Македонија.

Медиуми: Во јавноста се појави идеа за Македонска платформа, во која што не треба да ја одбијат ниту една од Македонските партии кој е вашиот став?

Шилегов: СДСМ на минатите избори излезе со став дека градиме едно општество, на единствени граѓани еднакви по правата и еднакви по обврските, тоа е единствената иднина на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e