СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот за добрососедство што е во согласност со националните интереси

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија.

Со Договорот се реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народи и два посебни јазика, се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија, се забрзува процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, а Македонија станува пример за соработка во Југоисточна Европа.

Успехот за постигнатиот договор е заеднички на сите граѓани, партии и сите досегашни влади, бидејки новата Влада го финализира процесот што е почнат во 2009 година, од кога се одржани 10 заеднички состаноци на комисии меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Владата предводена од СДСМ води политика на пријателство и соработка и отчетно и транспарентно ги решава сите отворени прашања на Република Македонија како на надворешен така и на внатрешен план и затоа, особено важно е ВМРО-ДПМНЕ да учествува и во заокружувањето на процесот и да даде поддршка на Договорот, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e