Николовски: За Дојран предвидуваме три клучни приоритетни проекти

“Денеска сме со граѓаните на Дојран, разговаравме за проблемите со коишто се соочуваат и мерките од Програмата на СДСМ, тоа е нашата цел на денешната посета и на денешните средби со жителите.” – изјави Љупчо Николовски од СДСМ.

“Не може да се одвојуваат 18 милиони евра за Тркало на лудилото во Скопје а во Дојран да не се зголеми капацитетот на пречистистелната станица, да не се реконструира пречистителната станциа, и да нема пари за поврзување на крајбрежната населба Николиќ со колекторскиот систем во Дојран.” – нагласи Николовски.

Тој понатаму кажа дека СДСМ во Програмата со којашто ќе настапи на следните избори, има приоритетни проекти за секоја општина, така и за Дојран се предвидени три клучни приоритетни проекти за коишто како што рече превземаат обврска за нивно реализирање.

Оспособување на хидро системот за наводнување на земјоделско земјиште.
Нова заобиколница, на потегот од влезот на Нов Дојран до граничниот премин Стар Дојран.
Нова градска плажа со придружна инфраструктура- на делот на крајбрежјето во Нов Дојран од поранешното претпријатие Дојранско езеро до излезот.

“Но, она што е клучно во Дојран е тоа што ќе направиме генерална ревизија на тоа како е доделено земјоделското земјиште низ цела Македонија, тоа е еден од клучните проблеми во овој дел, бидејќи на луѓето од тука не им се дава земјоделско земјиште за обработување, и истото е во раце на луѓе коишто се надвор од ова место.

Исто така предвидуваме како што планираме ревизија на земјоделското земјиште, предвидена е и во нашата програма и ревизија на тоа како се доделни сите концеции, вклучително и ревизија на концесијата на Дојранското езеро. Ова се клучните приоритети за коишто цврсто застануваме.

Нашата искреност, нашиот чесен пристап и нашата одговорност е гаранција дека токму овие приоритети ќе ги реализираме со промените.” – нагласи Николовски.

Ljupco Nikolovski slika 1 avgust

Ljupco Nikolovski slika 3 avgust

Ljupco Nikolovski slika 2 avgust

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e