Николовски во Грузија се запозна со функционирањето на дигитализираниот систем за заштита од град

Во рамки на официјалната посета на Грузија, министерот Николовски, го посети државниот воен научно-технички ценатр „Делта“, каде што од страна на заменик министерот за одбрана на Грузија, Гиорги Бутхузи, заменик министерот за земјоделство, Нодар Келеселиѕе и генералниот директор на “Делта”, Уџа Џуџуашвили, му беше презентирано функционирањето на дигитализираниот автоматизиран систем за заштита од град, како и начинот на лансирање на против-градобијни ракети.

25073203_1576391019085118_916075461029587453_o

Се работи за софистициран систем, со кој според годишниот извештај на центарот „Делта“, Грузија, од 56 денови со градоносни облаци, во 53 денови системот ефикасно се справил, со што успешноста била 96 проценти и успеала да заштеди околу 10 милиони евра за исплата на штети, само во регионот Какхети.

25182082_1576390769085143_7190468992532491848_o

-Како ресорно министерство, ќе ја интензивираме соработката со Делта центарот и ресорните министри и министерства. Исто така договорено е експертски тим да дојде во Македонија, за да изврши скенирање на теренот. Овие искуства се добредојдени за нас, ако се има во предвид дека во последните години имаме чести појави на град, кој што предизвикаа сериозни штети врз земјоделското производството, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ