МЗШВ: Ниту една институција во Крива Паланка нема да остане без дрва за огрев

Во врска со обвинувањата од страна на актуелниот градоначалник на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски, упатени кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ве известуваме дека МЗШВ нема ингеренции да дава наредби поврзани со снабдување со огревно дрво, ниту пак да влијае врз тендери за снабдување со огревно дрво.

Тоа е надлежност на Јавното претпријатие Македонски шуми, а МЗШВ како институција која соработува со ЈП Македонски шуми, е во постојана комуникација со претпријатието.

Во таа насока, Ве информираме дека ЈП Македонски шуми, навреме ќе обезбеди дрва за огрев за сите училиштата и другите институции во Крива Паланка, бидејќи подружницата на ЈП Македонски Шуми во Крива Паланка „Шумско Стопанство Осогово“, веќе има доставено документација за учество на јавен повик за снабдување со огревно дрво до општината Крива Паланка, стои во соопштението од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e