Ќе се формира посебна единица против криумчарите на мигранти

Ќе се формира национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе – одлучи владата на последнта одржана седница.

Во процесот се предвидува склучување на меморандум за соработка помеѓу министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство на Република Македонија, во областа на сузбивање на организирани форми на криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Оваа форма на криминал последните неколку години стана еден од нај доходовните илегални бизниси во Македонија и во регионот.

Балканската рута затворена е повеќе од една година и протокот на мигранти е значително намален.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e