Донација на Македонски телеком и град Скопје за детската болница – Козле

Македонски Телеком и Град Скопје, денеска ја предадоа донацијата од два медицински апарати на Инситутот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Донацијата е реализирана со пренамена на средствата што беа планирани за прославата за Нова година и е во износ од 10. 000 евра.

„Донесовме правилна одлука, заедно со градот Скопје – да ги пренамениме средствата планирани за прослава,  за донација на  медицински апарати, со кои ќе се подобри здравјето и квалитетот на живот на децата. Го избравме Козле, зошто е единствена установа од ваков тип во земјата, каде што дневно се прегледуваат над 200 деца, од најрана возраст“. – изјави Андреас Елснер, главниот извршен директор на Македонски Телеком.

Donacija bolnica Kozle (2)

„Здравјето на нашите деца без исклучок е на врвот на приоритетите на Град Скопје. Ја користиме секоја пригода безусловно да придонесеме за  унапредување на  квалитетот на животот на најмладите. Затоа одговорно ја користиме секоја ситуација која е во интерес на детското здравје“ – изјави Петре Шилегов, градоначалник на град Скопје.

Донацијата ја прими медицинскиот директор д-р Ангелчо Андоновски, кој се заблагодари и истакна дека со апаратите ќе се подобри дијагностиката, ќе се намали времето на чекање и ќе се овозможи терапија за поголем број на пациенти.

Donacija bolnica Kozle (1)

Болницата за белодробни заболувања кај децата – Козле е водечки Институт во нашата земја, но и регионот за комплексни респираторни заболувања кај децата.

Целта на Институтот е да обезбеди целосна педијатриска нега на пациентите.

Институтот  годишно згрижува 39.000 деца, од кои 4.000 се хоспитализираат, а 35.000 се лекуваат амбулантски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ