Дирекцијата за заштита на лични податоци со предупредување до медиумите

Објавени фотографии на малолетно дете, објавени лични податоци (име, презиме, возраст, град на живеење…) на подносителите на барањата за утврдување на повредата, споделување на износ на приходи, односно хонорари, како и невнимателна обработка на матични броеви и објавување на копии од патна исправа, се дел од прекршоците за кои Дирекцијата за заштита на лични податоци повела постапка. Се работи за 23 предмети во кои при надзор во медиумите бил утврден прекршок, а пет од нив, се сè уште во тек.

„Во однос на утврдените повреди, во дел од постапките во тек се прекршочни постапки пред Комисијата за одлучување по прекршок на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Воедно, во четири предмети донесени се заклучоци за одбивање на барањата за утврдување повреда на правото за заштита на личните податоци. За два предмета се води постапка пред Виш управен суд“, велат од ДЗЛП за агенцијата „Мета“.

Дирекцијата за заштита на лични податоци, откако за само една недела добила повеќе иницијативи за инспекциски надзор врз медиумите, конкретно информативните интернет портали, преку соопштение до јавноста потенцираше дека е потребно медиумите да иницираат бришење на личните податоци, односно, минимизирање на обемот на личните податоци што се објавуваат во согласност со целта која треба да се исполни при објавата, заради правично, соодветно, релевантно и не преобемно утврдување на категориите на лични податоци.

Но, медиумите не се единствените кои дозволуваат проток на лични податоци а со тоа и нарушување на приватноста. Деновиве, низ социјалните мрежи се шири Ексел документ кој содржи информации за 4.739 студенти, главно од Машинскиот факултет од Скопје. Студентите се загрижени за начинот на кој факултетот ги заштитува нивните податоци, а од таму најавуваат официјално барање до ДЗЛП за вршење на контролен надзор.

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e