СДСМ Кр.Паланка: Ќе изградиме нов модерен плоштад и парк со подземна сообраќајница и паркинг

“Eден од клучните проекти кои се дел од програмата што ќе ја реализираме во перидот 2018-2022 е изградба на нов градски плоштад и парк со подземна сообраќајница и паркинг простор,

Крива Паланка заслужува нов и модерен градски плоштад според европски стандарди и величини кој ќе биде центар на одвивање на деловни, културни и општествени процеси на граѓаните. Застарениот градски плоштад заслужува ново решение кое би било модерно место со придружни содржини и уреден деловен простор кои ќе го исполнуваат животот на граѓаните. Центарот на градот заслужува современо решение по моделот на светските градови со елементите на архитектонскиот дух и белезите на градот и со уредени современи пешачки зони, места за релаксација и одмор, хортикултурни делови и соодветна модерна илуминација. Постојниот градски плоштад има отворено сообраќајно прашање кое го отежнува слободниот проток на минувачите и возачите и ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Проектното решение се состои во изградба на подземна сообраќајница, лоцирана под плоштадот,која ќе ја поврзува главната улица Св. Јоаким Осоговски и ќе овозможи непречен тек на сообраќајот во двата правци од главната улица. Покрај сообраќајницата, ќе се обезбеди и подземен паркинг за возилата кои имаат потреба од слободно паркинг место и гравитираат во централното градско подрачје. Подземната сообраќајница ќе овозможи растеретување на градскиот плоштад од возилата, решавање на проблемот со паркирање низ главната улица и ќе отвори површина поголема од 1 км2 уредена како пешачка зона.

Во делот на пешачката зона ќе се направи реконструкција на градскиот парк во модерен стил, со најдобри хортикултурни решенија, места за релаксација и поминување на слободните часови на граѓаните на Крива Паланка. Со ова ќе се затвори поголем прстен на пешачката зона наменета само за пешаците, за случајните минувачи и за туристите. Новиот градски плоштад ќе биде модерното лице на градот, место за инспирација и воодушевување на намерниците и гордост на идните генерации.

Со реализација на овој проект кој е од исклучителна важност за градот, жителите ќе добијат модерен плоштад и парк за дружење и рекреација, безбедна пешачка зона, подземна сообраќајница за поврзување на главната улица, растеретување на сообраќајот во централното подрачје и подземен паркинг простор

Изградбата на нов плоштад е дамнешна желба на кривопаланчани зашто кога ќе се спомне зборот калдрма веднаш асоцира на улица поплочена со коцки кои ги има токму на градскиот плоштад. На места пропаднати, просторот пред Основниот суд, поштата и Македонски телеком е руиниран, раскопан, импровизирано со поправки и нестручни покривања. Ветување за нов плоштад изминативе години се изнаслушавме многу, сега повторно од опозицијата со старо нови и препишани ветувања, доста е ,правиме промени и живот достоинствен за сите во Крива Паланка.

За живот во Крива Паланка за сите!”, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e