Хрватска со значаен скок во повлекувањето на пари од ЕУ фондовите

Хрватска досега годинава од фондовите на Европската унија повлекла 662 милиони евра, и со 405 милиони евра е во плус со оглед на уплатените средства во европскиот буџет. Ова го соопшти тамошното Министерство за регионален развој и ЕУ фондови.

Поголем дел од европските пари Хрватска ги потрошила/ги троши, на патишта, на заштита на животната средина, на развој на претприемништвото, на обнова на студентски домови, на проекти на научни институции и т. н.

Од хрватското Министерство сумата што досега годинава успеале да ја повлечат од ЕУ-фондовите ја коментираат како голем успех во однос на претходните години. Хрватска во цела 2015 од ЕУ повлекла 558 милиони евра, а во 2014, 548 милиони.

„Од влегувањето во ЕУ, 2013 година, Хрватска секоја година од ЕУ фондовите повлекуваше одвај нешто поголем износ од оној што го уплатуваше. Сегашниот резултат е показател за добрата досегашна работа и најава дека искористеноста на фондовите значајно ќе порасне, со што ќе се поттикнат инвестициите и економското опоравување“, истакнуваат од  Министерство за регионален развој и ЕУ фондови.

Извор Капитал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e