Киселата зелка е најчестата намирница на трпезите во зима. Зелката е извор на многу витамини и одличен прилог со сите зимски јадења.
Зошто треба да јадете кисела зелка?
Голем извор на витамини
Освен што е нискокалорична содржи витамин Ц, витамин К, витамин Б6, влакна, железо, бакар, манган, фолат и калиум.
Добра е за цревата
Киселата зелка е пробиотик, а има и пребиотски влакна кои се одлични за дигестивниот систем.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Со оглед дека 70 до 80% од нашиот имунитет зависи од здравјето на цревата и тие се во нераскинлива врска – која било храна која е добра за здравјето на цревата е добра и за нашиот имунолошки систем.
Одличен извор на влакна
Неодамнешно истражување покажа дека киселата зелка е единствена ферментирана храна за која е клинички докажано дека помага кај синдромот на иритабилни црева.
Пробиотските влакна им помагаат на добрите бактерии во цревата. Една шолја кисела зелка има 4 грама влакна.
Влијае на намалување на стресот
Докажано е дека пробиотиците управуваат со анксиозноста и депресијата. Здрави црева се основа за функционирање на целиот организам на човекот.