Знаци кои укажуваат дека ви недостасува витамин Ц

Витаминот Ц е состојка која може да се пронајде во повеќето намирници. Експертите велат дека овој витамин, во помала или поголема мера, е дел од речиси секое овошје или зеленчук.

Силниот имунитет не штити од вируси и бактерии. Затоа е потребно да се снабдиме со потребните минерали и витамини, меѓу кои е витаминот Ц. Кои се првите знаци дека на вашиот организам му недостасува витамин Ц.

Иако лесно можеме да го најдеме во природата, а нашето тело со задоволство го прифаќа, лошите животни навики и исхраната сиромашна со хранливи состојки може да донесе до недостиг на витамин Ц и до здравствени потешкотии.

Овој витамин е од витална важност за нашиот имунитет, кожата ја прави поздрава и помага при залечување на раните.

Витаминот Ц е важен и за здравјето на коските, а без него телото не може да прифати железо и одредени протеини кои се многу потребни за здравјето на вените, лигаментите и тетивите.

Знаци дека во телото недостасува витамин Ц:

1. Постојано чувство на психичка и физичка исцрпеност.

2. Промена во расположението проследена со беспотребна лутина и нервоза.

3. Пад на имунитетот, поради што телото не може да се бори со вируси, бактерии и други микроорганизми кои предизвикуваат инфекции и алергии.

4. Крварење на непцата, расипување и промена на боја на забите.

5. Создавање на модринки на телото без никаква оправдана причина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e