Знаци кои укажуваат дека имате недостаток на железо

Железото е еден од најважните елементи за здравје на организмот.

Од сите хранливи материи, железото е најчесто она што недостасува во организмот. Вегетаријанците и веганите треба да обрнат посебно внимание на количината на железо затоа што не јадат месо, а тоа е најдобриот извор.

Железото е од суштинско значење за црвените крвни клетки, ако не внесувате доволно количество железо во организмот, може да почувствувате некои непријатни последици, па дури и да се развие анемија. Тоа е состојба во која во телото нема доволно здрави црвени крвни клетки кои го врзуваат кислородот за себе.

Недостатокот на железо може да предизвика и трајни здравствени проблеми доколку не се лекува навреме. Некои од симптомите што може да ги доживеете ако имате недостаток на железо се:

Се чувствувате уморно и летаргично

Железото е потребно за раст и развој, транспорт на кислород во телото и други функции. Ако немате доволно железо, може да се чувствувате уморно и летаргично. Кога нема доволно железо во телото, нема доволно кислород, што прави да се чувствуваме уморни и забавени.

Имате главоболки

Првите знаци на недостаток на железо обично се замор и главоболки. Железото е потребно за да имаме доволно ниво на хемоглобин во црвените крвни клетки.

Чувствувате мускулна слабост

Железото е од суштинско значење особено за спортисти за кои издржливоста е важна. Ниското ниво на железо може да доведе до послаба мускулна функција и ограничен аеробен капацитет и може да влијае на перформансите и закрепнувањето по тренингот.

Рацете и стапалата ви се ладни

Главната задача на железото е да помогне во носењето кислород до мускулите, органите и клетките. Без соодветно внесување на железо, може да се појави анемија, екстремен замор, замор на мускулите, отежнато дишење и студени раце и нозе.

Вртоглавица

Може да имате вртоглавица затоа што вашиот мозок не добива доволно кислород што му е потребен за нормално функционирање.

Кршливи нокти и бледа кожа

Овој феномен може да биде друга последица од недостаток на железо. Така телото реагира на анемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e