Луѓето кои имаат опаднат имунитет или пак недоволен внес на нутритиенти се оние кој не можат да и се спротивстават на настинката или грипот. Како дополнителни фактори кои влијаат на намалување на отпорноста кон грипот и настинката се стресот, недостигот на сон како и експозиција на токсини и загаден воздух. За среќа постојат голем број на домашни лекови кои претставуват противници на грипот и настинката.
Овој рецепт е многу здрав и целосно природен, а се покажал како многу ефикасен во бробата против настинка, грип и кашлица.
За кромидот сите знаеме дека има антибиотско, антивирусно и антигабично дејство, па дури и прочуениот доктор Бројс го препорачувал за искашлување и исфрлање на слузта од органите за дишење.
Медот исто така има бројни лековити својства и секогаш служи како засилувач на другите лековити намирници. Покрај тоа, го намалува гребењето и надразнетата слузокожа на грлото.
Лимонот е богат со етерични масла и витамин Ц кој има одбрамбена улога. Наведените состојки на овој природен лек му ја даваат неговата ефикасност.
Потребни состојки:
-1 главица кромид
-2 чаши вода (400-500 мл)
-1 лимон
-2 лажици мед
Начин на подготовка
Водата сварете ја а кромидот исечете го на парчиња. Штом зоврие водата ставете го исечениот кромид и варете го на тивко до умерено 15 минути. Тргнете од оган и оставете да отстои 10-тина минути.
Смесата процедете ја, па додадете мед и лимонов сок. Течноста е потребно да биде млака за да не се изгубат витамините од медот и лимонот.
Овој напиток пијте го 3 пати дневно и ќе почувствувате подобрување и зајакнување на организмот.