За силен организам не претерувајте со спиење, вежбање и антибактериски средства

Се што не е умерено, се е штетно врз човечкиот организам, еве неколку примери кои можат да ни користат низ животните циклуси:

Антибактериски сапуни

Антибактериските сапуни се добри за одржување на хигиената додека сте некаде на пат, на пример, но доколку ги користите постојано ќе ги уништите и добрите бактерии. За одржување на хигиената доволно е да ги миете рацете со обичен сапун и вода и тоа во времетраење од само 20 секунди.

Спиење

Во просек на секој човек му се потребни осум часа сон. Ако редовно спиете помалку или пак повеќе од 9 часа, не си правите добро. Луѓето не се создадени така да може оптимално да функционираат и размислуваат со премногу или премалку сон. Освен тоа, неурамнотеженото спиење лошо делува на кожата, предизвикува отоци, прејадување, збунетост и депресија.

Избегнување на сонце

На нашето тело му треба витамин Д кој ги одржува коските силни и здрави и кој ја поттикнува работата на имунолошкиот систем. А, за создавање на витамин Д треба да излегуваме на сончева свтелина. Доколку излегувате на сонце помалку од 20 минути, нанесувањето на крема за заштита не е потребно.

Органска храна

Ако на некој производ пишува – органско, тоа не значи дека не е преработено. Внимателно прочитајте ја декларацијата.

На храната не треба да пишува „органско“ за да биде здрава. Држете се до храната која не е преработена или има само неколку додадени состојки и мала количина на шеќер, сол и преработени јагленохидрати.

Вежбање

На нашето тело и ум не им требаат повеќе од 3 до 4 дена кардио/аеробични вежби неделно (секој тренинг од 30 до 45 минути).

Доволно е секоја недела да практикувате тенис, тимски спортови, пливање и едноставни вежби за да останете витки и да ги одржите мускулите силни, можете и само да пешачите. Нема никаква потреба од претерување, освен ако со тоа не се занимавате професионално. Потребно е да знаете дека и врвните спортисти кои постојано се оптоварени со прекумерна количина тренинзи, патат од различни оштетувања на телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e