(ВИДЕО) Трик со кој ќе испечете чискејк за само 60 секунди

Дали знаевте дека чизкејкот може да го испечете за само 60 секунди? Секако тоа е возможно доколку ги имате сите потребни состојки, истите ги ставите во шолја и ги оспечете во микробранова печка.

Јутјуб каналот „Em’s Kitchen“ го открива рецептот за подготовка на овој десерт кој што се пече за само една минута.

Состојки:

– 4 лажици мелени бисквити
– 1 лажица стопен путер.

Состојки за филот:

– 4 лажици кремасто сирење;
– 2 лажици овошен јогурт;
– 2.5 лажици шеќер;
– 1 белка од јајце;
– ¼ лажичка екстракт од ванила;
– 1 лажица брашно.

Прелив:

Џем од вашето омилено овошје.

Подготовка:

1. Изберете шолја во која што ќе го печете чизкејкот. Во неа помешајте го стопениот путер со бисквитите, па се добро стиснете на дното од шолјата.

2. Во посебен сад измешајте го кремастото сирење, јогуртот, шеќерот, екстрактот од ванила, брашното и белката од јајце.

3. Добиената смеса ставете ја над подлогата од бисквити и ставете ја чашата во микробранова печка околу една минута во интервали од 15 до 20 секунди.

4. Изладете го чизкејкот пред консумирање. Чизкејкот премачкајте го со овошниот џем по желба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e