На љубителите на италијанската кујна особено ќе им се допадне оваа варијанта на пица – солени стапчиња кои можете да ги послужите како предјадење на слава, во посебни прилики или како појадок и вечера.
Нема прилика во која овие солени стапчиња не можат да се послужат, а истите се совршен избор за вашите гости.
Состојки:
– 400 грама лиснато тесто;
– 30 грама сос од домати;
– 200 грама кашкавал;
– 20 грама магдонос;
– 2 грама оригано;
– 1 цело јајце;
– 30 грама путер.
Подготовка:
Лиснатото тесто намачкајте го со домат, па посипете со оригано и над него нарендајте кашкавал. Потоа додадете магдонос, па поклопете со уште еден слој лиснато тесто.
Потоа исечете го тестото на ленти и премачкајте со стопен путер.
Потоа растегнете ги лентите лиснато тесто и свиткајте ги онака како што ќе видите во видеото.
Повторете ја постапката со целото лиснато тесто, па на крај намачкајте ги со јајце.
Печете 25 минути во рерна на 180 степени Целзиусови.