(ВИДЕО) 5 – минутна вежба која го смирува телото и го исфрла стресот

Секој од нас во одреден период од животот бил под стрес заради најразлични причини. Според експертите од областа, пандемијата со корона вирусот која сé уште е во тек без сомнение делува на зголемување на стресот помеѓу населението.

Во таквите стресни ситуации треба да знаете како да реагирате, т.е. како најбрзо да се смирите.

Доколку немате можност да бидете сами и да испиете шилја чај од камилица, најдобро би било да ја примените оваа вежба.

Искусниот инструктор за јога, учителот Пилан Анис, ја споделил оваа едноставна вежба на диешењ која што според неговите зборови го стимулира нервниот систем и ве ослободува од негативните и вознемирувачки мисли.

Вежбата се нарекува „Дишење на радоста“, а вака се применува:
Застанете со стапалата малку раширени во линија на вашите раменици. Лесно свиткајте ги колената, рацете поставете ги рамно така што да паѓаат паралелно на вашето тело. Вдишете низ носот околу третина од белите дробови. Во истовреме подигнете ги испружени рацете без да ги превиткувате додека не бидат паралелни со линијата на рамениците. Продолжете да вдишувате додека белите дробови не се наполнат околу две третини. Не спуштајте ги рацете, раширете ги како крилја.

Вдишете што подлабоко, подигнете ги раширените раце нагоре така што дланките ќе ви бидат свртени една кон друга над главата.

Отворете ја устата и издишете со звукот: „Ха!“. Превиткајте се напред, силно свиткајте ги колената и вратете ги рацете назад.

„Направете го тоа во ритамот кој што ви одговара. Не форсирајте ја оваа вежба. Луѓето со зголемен крвен притисок треба да ја избегнуваат и да изберат помалку физички напорни вежби за дишење. Доколку ви се заврти во главата во текот на вежбата, треба веднаш дишењето да го вратите во нормала“, советува учителот Анис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e