Причините за задржување на водата може да се најдат во многу навики или грешки во исхраната, а меѓу потенцијалните причини се и хормоналната нерамнотежа за време на менструалниот циклус, бременоста, менопаузата и ПМС кај жените или прекумерното внесување сол, шеќер и масти, како и физичката неактивност кај мажите.
Еве како најдобро да си помогнете и да се ослободите од непријатното чувство на тежина во екстремитетите и надуеност во стомакот поради кое се чувствувате постојано тромо и уморно.
Храна со диуретично дејство
Најдобри природни диуретици се сметаат за големи количини зелен чај, сок од брусница (чаша од 2 dcl дневно), јаболков оцет (две лажички јаболков оцет разредени во чаша вода – три пати на ден), овошје и зеленчук богати со вода (лубеница, краставица, зелена салата, богат марула), кокосова вода (одржува електролитен баланс) и храна богата со витамини А и Ц (домати) и сулфур (ротквица, кромид, рен).
Резерви на калиум
Еден од најголемите проблеми во исхраната на современиот човек е внесувањето на прекумерни количества натриум кој го попречува излачувањето на токсините, а премалку калиум кој го поттикнува.
Храната богата со калиум која помага да се ослободи вишокот течност и ги штити крвните садови од оксидативно оштетување вклучуваат банани, јагоди, кајсии, домати, листови од цвекло, сливи, јогурт и папаја.
Меѓутоа, ако имате посериозни проблеми со бубрезите, премногу калиум, особено ако го внесувате преку суплементи, може да доведе до болки во мускулите и неправилно чукање на срцето.
Диуретични билни чаеви
Диуретичните билки имаат антиоксидантно, антивирусно и антисептично дејство.
Растението „мечкино грозје“ попознато како Увин чај делува на излачувањето на урината, го чисти и дезинфицира уринарниот тракт. Обично се користи во комбинација со други лековити растенија, како што се лисјата од бреза или коренот на сладунец, бидејќи содржи многу танинска киселина, што може да биде тешко за желудникот.
Чајот од магдонос и чајот од глуварче се многу ефикасни во програмите за детоксикација, додека, според Ајурведата, најдобро би било да ја добиете билката „бабиниот заб“, која се смета за најдобар природен лек за проблеми со мочниот меур и бубрезите.
А еве како сепак може да влијаете на задржување на водата…
Намалете го внесот на сол, шеќер и масти
Натриумот делува како замка за течност во ткивата, затоа избегнувајте преработена храна полна со конзерванси и сол (конзервирана храна, виршли, паштети, салати во тегли, Паризери).
Грижете се за вашето тело и движете се
Секој ден пешачете одредено растојание користејќи ја техниката на брзо одење или правете серија вежби дома 30 минути. На овој начин ќе ја стимулирате лимфата и ќе го „разбудите“ вашиот заспан метаболизам.
Редовно хидрирајте се
Пијте шест до осум чаши вода дневно бидејќи, доколку се хидрира, телото ќе задржува помалку течност. Исто така, со конзумирање на свежо овошје и зеленчук, ќе го надоместите губењето на важните хранливи материи кои се „одземени“ со урината.