Вентилаторот на жештина може да предизвика срцев удар?

Нова студија од Австралија сугерира дека користењето вентилатори во текот на жешките летни денови може да направи повеќе штета отколку корист, со зголемување на ризикот од срцев удар.

Научниците од Универзитетот во Сиднеј регрутирале 20 лица за да тестираат како вентилаторите влијаат на телесната температура, отчукувањата на срцето, потењето и удобноста кога се користат во топли и влажни средини.

Тие исто така сакале да откријат дали нивоата на хидратација прават некаква разлика, бидејќи веќе е познато дека вентилаторите понекогаш можат да го влошат топлотниот стрес. Учесниците го завршиле експериментот во климатизирана комора поставена на 39,2 степени Целзиусови и 49 отсто влажност.

Во две сесии, тие биле добро хидрирани, консумирајќи ја препорачаната количина течности 24 часа пред тоа, а им било дозволено и да пијат за време на тестот.

Во другите две сесии, тие биле намерно дехидрирани со избегнување на течности и храна со висока содржина на вода 24 часа и не им било дозволено да пијат за време на тестот.

Секоја состојба на хидратација била тестирана со и без употреба на вентилатор. Измерени се низа температури, вклучувајќи отчукувања на срцето, ректална температура, стапка на потење на целото тело, термичка непријатност и ниво на жед.

Утврдено е дека користењето вентилатор додека сте дехидрирани може да го влоши оптоварувањето на срцето, што на крајот може да доведе до срцев удар.

Експертите заклучија дека користењето вентилатор го зголемува губењето на пот за околу 60 отсто, што може да значи дека користењето вентилатор е поштетно ако сте дехидрирани.

Водечкиот автор на студијата, Конор Греам, доктор на науки, рекол: „Повеќето луѓе кои умираат од екстремна топлина немаат климатизација, но често имаат електрични вентилатори“.

Користењето вентилатор може да ги намали зголемените телесни температури и кардиоваскуларниот стрес предизвикан од топлина на температури до околу 39 до 40 степени Целзиусови.

„Во потопли услови, вентилаторите треба да се исклучат, бидејќи тие можат да го влошат топлотниот стрес“, забележува Греам.

Конор рекол дека ова е затоа што високите температури на воздухот предизвикуваат телото да се загрее побрзо отколку што може да се излади преку потење.

Ова не е првпат вентилаторите да се поврзуваат со зголемен ризик од срцеви проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e