Проблеми со варењето на храната, заболувања на цревата и присуство на хеликобактер може значајно да го намали квалитетот на животот на поединецот, а најчесто станува збор за хронични проблеми кои што тешко се лечат.
За симптомите да се намалат потребно е да пробате некои природни лекови кои што многу ефикасно делуваат и можат да бидат одличен сојузник во борбата со овие болести.
Хеликобактеријата настанува во долниот дел од желудникот, а според податоците на СЗО половина од населението е заразено со оваа бактерија.
Доколку не се лечи навреме, може да предизвика потешки здравствени заболувања.
Во народната медицина, уште од минатото позната е оваа мешавина од состојки која што лечи заболувања на цревата, но и ги уништува бактериите во желудникот, а поволно влијае и на болките.
За подготовка на овој лек потребни ви се смокви и маслиново масло.
Подготовка
Во тегла ставете суви смокви, најдобро би било да бидат исечени на четвртини, а потоа прелијте ги со домашно неферментирано маслиново масло.
Оваа смеса треба да отстои барем 40 дена, а потоа може да се користи.
Се консумира секое утро на празен стомак по една смоква.
За лечењето да биде уште поефикасно треба да ја прилагодите и вашата исхрана.
Јадете готвена блага храна без премногу зачини, особено не лути зачини. Избегнувајте кисела и мрсна храна, а особено сувомеснати производи.