Трик со кој бананите траат подолго

Бананите се омилено овошје на многумина, но за жал брзо гнијат. Ако ги купите на почетокот на неделата и сакате да траат до викендот, постои трик што ќе ви помогне да ги одржите свежи.

Бананите ослободуваат гас наречен етилен. Тоа е растителен хормон што предизвикува зреење на овошјето. За време на зреењето, етиленот исто така го ослободуваат и авокада, домати и компири, па затоа треба да се чуваат подалеку од производи чувствителни на етилен, како што се кромид и морков.

Етиленот се ослободува преку стебленцата од бананите. Трикот за да ги одржите свежи е всушност да ги завиткате стебленцата од банана со парче пластична фолија.

Ако пластиката не е цврсто прикачена, користете еластична лента за да ја врзете надворешноста на фолијата. Докажано е дека процесот на зреење на бананите се забавува со завиткување само на стеблото.

Исто така, ако сакате бананите да траат подолго можете да ги ставите во фрижидер за да добиете дополнително време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e