Времето поминато во природа може значително да го зајакне имунолошкиот систем, покажува истражување објавено во Меѓународниот журнал за имунопатологија и фармакологија.
Според научниците, само три дена престој во шума доведуваат до зголемување на активноста на природните клетки убијци (NK клетки) клучни имунолошки клетки кои го уништуваат ракот за речиси 80%.
Овој ефект се должи на вдишувањето на фитонциди, природни соединенија што ги ослободуваат дрвјата, но и на намалувањето на нивото на стрес.
Придобивките, според истражувањето, не исчезнуваат веднаш, туку траат повеќе од една недела по престојот во природата.
Научниците заклучуваат дека природата не само што го обновува умот, туку и ги засилува одбранбените механизми на телото.
