Треба да пиете вода, но внимавајте од какво шише

Препораките од лекарите и нутриционистите е редовно да пиеме вода, покрај другите течности што ги внесуваме во организмот.

Тоа подразбира да ја распределиме оптималната количина од 6 до 8 чаши од 250 милилитри низ целиот ден. Во зависност од нашите дневни навики, нивото на активност и што јадеме во текот на денот, таа количина може да се зголеми, но не се препорачува да биде пониска.

Исто така, во зависнот од тоа каде и како го поминуваме денот, многу луѓе одбираат да носат вода во шише со себе, без разлика дали се во движење или работат на компјутер. Тоа значи дека повеќе од половина од количеството вода што го внесуваат во текот на денот е од шише. Составот и формата на вашето шише за вода може значително да влијаат врз вашето здравје.

Експертите препорачуваат да не се пие вода од пластично шише или барем да не се користи истото шише повеќе од еднаш. Со цел да придонесете за поздрава животна средина, покрај тоа што ќе ги рециклирате пластичните шишиња, може да одберете и да не ги користите многу често, односно да употребувате стаклено шише за вода кое ќе го користите одново и одново, секако, со темелно миење.

Колку потесна е устинката, односно отворот на шишето, толку е потешко за чистење бидејќи и рачно и машински потешко се досегаат одредени делови на кои најчесто се собираат бактерии и мувла.

Ако користите шише со додаток на отворот во форма на црево или цуцла, редовно мијте ги и заменувајте ги тие додатоци бидејќи во нив се кријат најмногу опасности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e