Срцевиот удар не го предизвикуваат ниту холестеролот, ниту начинот на живот – ова е вистинската причина

Срцевиот удар не го предизвикуваат ниту холестеролот ниту начинот на живот! Стручњаците дојдоа до вистинско откритие – зборуваат за вакцина.
Научници од Финска и Обединетото Кралство откриле нови докази кои укажуваат дека срцевите удари се предизвикани од инфекции, а не од висок холестерол или нездрав начин на живот, пренесува британскиот портал FemaleFirst.
Стручњаците откриле дека бактерии можат да останат скриени во артериските наслаги и да бидат неактивни со децении, сè додека не ги активира вирусна инфекција или некој друг надворешен фактор.
Кога се активираат, штетните бактерии предизвикуваат воспаление, пукање на артериските наслаги и создавање блокади кои доведуваат до срцев удар.
Овие откритија сериозно го доведуваат во прашање традиционалното мислење за причините за срцев удар и отвораат можност за развој на третмани и вакцина против срцеви заболувања.
Професорот Пека Кархунен, главен автор на студијата на Универзитетот Тампере во Финска, изјави:
„Вклученоста на бактериите во коронарната болест на артериите одамна се сомневаше, но недостасуваа директни и убедливи докази. Нашата студија покажа присуство на генетски материјал – ДНК – од неколку орални бактерии во атеросклеротските наслаги.“
Симптоми на срцев удар
Главниот симптом е болка во градите, но кај многу луѓе – особено постари и дијабетичари – таа може да биде блага или дури и да ја нема. Други симптоми можат да бидат доминантни:
• слабост
• отежнато дишење
• мачнина и повраќање
• болка во грбот
• болка во стомакот
• болка во градите, рацете и рамената
• болка во вратот, забите и вилицата
• болка што трае повеќе од 20 минути
• болка слична на ангина која не престанува со одмор или нитроглицерин
• секоја долготрајна болка во градите, грбот или стомакот
Во случај на сомневање за срцев удар, неопходна е итна медицинска помош, бидејќи брзата интервенција може да спаси живот и да го намали оштетувањето на срцето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e