Причините за зголемено опаѓање на косата можат да бидат различни. Жените во поголема мера од мажите, косата ја негуваат со различни препарати кои често и штетат.
Фризирањето, фарбањето, трајното андулирање, гелови и лакови, или пак цврсто затегната пунџа, коњско опавче-можат да остават штетни последици. Шампоните кои на косата и даваат волумен исто така се штетни за вашата коса бидејќи содржат средства кои ја напаѓаат косата, а подоцна и ја јадат.
Косата почнува да опаѓа од 20-тата или од 25 годишна возраст најнапред на врвот на черепот, потоа напред и низ целата глава, освен косата во пределот над тилот, над ушите и слепоочниците.
За да го спречите опаѓањето на косата испробајте го овој рецепт за шампон кој спречува опаѓање на коса, поттикнува брз раст, го враќа сјајот на косата, волуменот и еластичноста.
После неколку миења на косата ќе забележите дека помалку ќе опаѓа, ќе биде посилна и посјајна а само после еден-два месеци редовна употреба ќе забележите нови влакна и поголем волумен.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-Шампон од коприва (обичен, литарски)
-Пантенол 100 мл (воден раствор)
-Капки од коприва 30 мл (едно шишенце)
-АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце)
-Рицинус масло 50 мл
-2 ампули витамин Б
*сите состојки се купуваат во аптека.
ПОСТАПКА:
Во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло.