Важноста на редовниот и здрав сон за човечкиот организам е докажана одамна. Но, како да си го обезбедиме тоа природно, без употреба на апчиња и други средства за спиење?
Рано будење наутро заради изложување на телото на природна дневна светлина
Дремката по напорен работен ден, понекогаш, е просто – неизбежна. Но, ако зачести, тоа може да го наруши вечерниот сон, кој е најважен. Дремката не треба да биде подолга од 20 минути, препорачуваат стручњаците.
Не правете физички вежби доцна
Иако звучи нелогично тоа дека физичките напори можат да бидат штетни за сонот, кај некои луѓе, тоа е така. Вежбањето ја зголемува телесната температура, а при ноќното спиење, природно се случува благ пад. Така, физичката активност непосредно пред легнувањето го нарушува природниот процес на заспивање.
Оброк наутро и во средината на денот

Кафето навистина може да е штетно за сонот
Пиењето кафе, зелен и црн чај, ги прават луѓето побудни и активни бидејќи ги блокираат рецепторите на мозокот за аденозин – што „му кажува” на човековиот највитален орган – кога е уморен. Кофеинот обично го достига максималниот ефект околу 15 до 45 минути по внесувањето. Ако ги тргнеме настрана лекарствата, состојбата на црниот дроб, па дури и генетиката како фактори, кај повеќето здрави возрасни луѓе, кофеинот кружи во телото до шест часа по консумацијата.