Сок за јакнење на имунитетот

Првото варирање на температурите надвор, доаѓа со еден куп на настинки и вируси кои само кружат и се пренесуваат низ домот, канцеларијата и каде и да се движите.
Затоа во вакво време на настинки и вируси потребно е да си го зајакнеме имунитетот на природен начин.
Подгответе го следниов сок и ќе го зајакнете имунитетот.

Потребни состојки:

1 главица цвекло
½ корен од целер
2-3 моркови
1 поголемо јаболко
1 лимон
малку ѓумбир (не мора кој не сака)

ПОСТАПКА:

Цвеклото добро измијте го и изупете го, па исечете го на помали парчиња, доволно за да може да се обработи во блендерот или во соковникот.
Додадете ги сите останати состојки освен лимонот. Во добиената смеса додадете и неполна чаша вода. Добро измешајте и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e