Освен што убаво изгледа и прекрасно мириса, ружата во себе крие неверојатни лековити својства.
Во овој убав цвет се наоѓа вистинска ризница на витамините А, Ц, Б3, Д и Е. Листовите се богати со етерични масла, тианин, шеќер, лимонска и винска киселина.
Сирупот од ружи е одличен за чување на здравјето на срцето и нервите. Тој ја прочистува крвта, ја смирува напнатоста, а освен тоа е одличен и за воспалено грло, ревматизам и жолтица. Го чисти црниот дроб и помага во ублажување на вртоглавиците, главоболките и нарушената цревна флора.
Се препорачува кај сите болести на дишните патишта бидејќи ги чува белите дробови. Исто така, сирупот од ружи успешно ги ублажува и менструалните тегоби. Од листовите можете да припремите сируп и чај.
Припрема:
Наберете ги ливчињата ружа, исчистете ги од инсекти и оставете ги 7 дена да се исушат. За да ја зачувате свежината и квалитетот во нив, чувајте ги во добро затворена амбалажа на темно и суво место. Најдобар избор за тоа се стаклените или лимени кутии.
Сируп од ружи:
Прелијте 2 шаки листови од ружа со 500 мл. зовриена вода и оставете да отстојат 24 часа. Потоа процедете ја течноста и ставете ја на оган заедно со 250 гр. шеќер. Пред крајот додадете сок од еден лимон и варете уште 5 минути.
Се препорачува консумација до 4 лажички дневно.
Чај од ружи:
За припрема на чај од ружи, прелијте 2 лажички сушени ливчиња од ружа со 500 мл. зовриена вода и поклопете. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете и чајот е спремен за употреба.