Симптоми на намален имунитет

Некои симптоми јасно ќе ви дадат до знаење дека имунитетот ви е намален и треба да се погрижите за негово јакнење.

Ова се некои од симптомите на кои треба да обрнете внимание:

-Aлергии

Алергените се уште едни материи кои го напаѓаат вашиот организам. На некои од нив може да сте поосетливи, а на некои помалку, но способноста на телото да се избори со алергените дефинитивно зависи од тоа дали вашиот имунитет е намален или не. Во голем број од случаите алергиските реакции се успешно ублажени или излечени со јакнење на имунолошкиот систем.

-Замор

Хроничниот замор е знак за намален имунитет. Нормално е да се заморите од напорна работа, вежбање или слична состојба за која заморот е карактеристичен. Но доколку сте постојано исцрпени, лесно се задишувате и мали промени влијаат на вашата енергија и расположение, станува збор за намален имунитет.

-Чести бактериски инфекции

Доколку имате потреба често да посетувате лекар и да пиете антибиотици бидејќи имате воспаление на уво, грло, бели дробови, непца или слично, тоа е знак дека вашето тело не се бори доволно добро против болестите. Треба да знаете како да го зајакнете имунитетот.

-Чести вирусни инфекции

Дали ве напаѓа секој вирус кој се појавува во вашата околина и мислите дека треба да земете боледување кога некој друг ќе се разболи? Прележувате грип 2 пати годишно, ве мачи херпес, постојано имате воспаление на грло или настинка? Не ви треба друг симптом! Дефинитивно треба да се погрижите за јакнење на својот имунолошки систем.

-Тешко зараснување на рани

Еден од симптомите за намален имунитет е и тешко зараснување на рани. Ова обично се поврзува со недостаток на цинк кој овозможува регенерација на клетките во телото и зараснување на рани, иако причините за тоа може да бидат различни и ниедна од нив да не укажува дека вашиот имунолошки систем е беспрекорен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e