Симптоми кои укажуваат дека сте заразени од коронавирус

Со доаѓањето на коронавирусот во нашиот регион и Европа многу е важно да ги знаете неговите главни симптоми.

Досега многубројни доктори потврдија дека е многу тешко коронавирусот да го разликувате од сезонскиот грип затоа што симптомите се речиси исти.

Коронавирусот предизвикува респираторни проблеми, грозница, кашлање и запирање во дишењето.

Главната разлика помеѓу коронавирусот и грипот е тоа што короната се развива постепено, а грипот настанува нагло.

Како што докторите досега многу пати објаснија, коронавирусот започнува со температура која е проследена со кашлица по што може да настапи чувство на губење на воздухот.

Некој жена од Кина која што се излечила од коронавирусот истакнала дека температурата константно ѝ варирала.

Се пренесува на два метри оддалеченост па како да знаеме дали некој во наша близина е заразен од коронавирус?

Првите знаци на инфекцијата вклучуваат респираторни симптоми – температура, кашлање, губење на воздух и отежнато дишење, но и генерално чувство на малаксаност.

Коронавирусот исто така некогаш може да доведе и до респираторни болести како што се воспаление на белите дробови или пак бронхитис.

Уште некои од симптомите на вирусот се:

– главоболка
– кивавица и кашлање
– тешкотии во дишењето
– зголемен крвен притисок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e