Симптоми кои укажуваат дека на вашиот организам му недостасува овој важен минерал

Цинкот е есенцијален минерал што укажува на тоа дека нашиот организам не го синтетизира сам, а колку го имаме во нас зависи од исхраната.

Дефицит на цинк се чувствува во организмот затоа што го имаме во мали количини, 2 или 3 грама.

Ова се важни улоги на цинкот во нашиот организам

Ги поттикнува менталниот и физичкиот раст и развој затоа што учествува во синтезата на протеините.

Ја намалува можноста од настинки, така што придонесува во јакнење на имуниот систем. Витаминот А, поттикнува ресорпција на цинк, а во комбинација со витаминот Ц се одличен избор за превенција на настинки.

Ги регулира хормоните, па многу важно е да го консумирате во репродуктивниот период (и жените и мажите) затоа што влијае и на лачењето на тестостеронот и подвижноста на сперматозоидите.

Спречува опаѓање на косата, а кожата ја прави свежа и здрава. Недостатокот може да биде причина за појава на првут, опаѓање на косата, пукање на влакното или ноктите.

Исто така тој е важен и за здравјето на очите затоа што е моќен антиоксидант.

Важно е да го консумирате во текот на менопаузата затоа што го намалува ризикот од остеопороза.

Го забрзува заздравувањето на раните, ги регенерира ткивата и помага при изгореници, но и по хируршки интервенции.

Доколку се прашувате во кои намирници најмногу го има цинкот, тоа се: јагнешко месо, млеко и млечни производи, пченица, пченка, зелка, грав, кикиритки, ореви, бадеми, семки од тиква.

Симптомите кои укажуваат на недостаток на цинк се следни: слаб имунитет, респираторни инфекции, опаѓање на косата, сува кожа, нарушување на вкусот, честа дијареја и нервозни црева, отежнато заздравување на раните и тешко адаптирање на мрак.

Цинкот е потребно да го консумираме во текот на зимските денови, но и напролет кога владеат вирусните инфекции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e