Што се случува во организмот кога јадете лута храна?

Некои луѓе обожаваат лута храна на ист начин како што некои не можат да живеат без блага или солена. Што се случува во организмот кога јадеме лута храна?

Кај пиперките и фефероните за лутината е одговорна фитохемикалијата капсаицин, кај лукот и кромидот се работи за алицин, а за лутината на биберот е одговорен пиперин. Фитохемикалиите се произведени од билките, а ги има во овошјето, зеленчукот, житарките, гравот и другите билки. Овие хемикалии даваат боја, вкус и мирис на храната и се една од причините зошто сакаме или не сакаме одредена храна.

Фитохемикалиите одговорни за лутина во устата и на јазикот се врзуваат за рецептори кои детектираат топлина и на мозокот му испраќаат сигнал за температурата, на тој начин измамувајќи го и наведувајќи го на лутата храна да реагира како да станува збор за нешто врело.

Овие хемикалии еволуирале во билките за ги заштитат од инсекти, патогени, паразити и габи, но и од временски неприлики. Затоа не е изненадување што со оглед на нивните развиени одбранбени функции, овие фитохемикалии имаат антиоксидативни, антимикробни и антивирусни својства.

Постојат научни докази дека лутата храна може да ја подобри работата на срцето и да биде корисна за дигестивниот систем, а кај некои помага и при слабеење.

Често е верувањето дека лутата храна може да предизвика чир на желудник или на тенкото црево, но експертите за исхрана се сложни дека лутото може да ги влоши постоечките симптоми, но нема само да ги произведе.

Консумацијата на црн бибер може да поттикне ослободување ензими во цревата и панкреасот, а помагаат во дигестијата на масти и јаглехидрати.

Сепак, треба да внимавате што јадете, нутриционистите истакнуваат ако изедете двојна порција од чизбургер со помфрит и лут сос можните дигестивни проблеми ќе бидат последица од количината на маснотии во оброкот, а не од лутиот сос.

Внимавајте да не ги допирате и очите, како и другите чувствителни делови од телото ако допирате лути чили пиперки. Крајниот заклучок е дека лутото треба да го консумираме разумно и со квалитетни намирници, така нема да предизвика никакви непријатности или да предизвика здравствени проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e