Се случува кога сме гладни да слушаме звуци на кркорење во стомакот. Понекогаш и кога не се гладни, слушаме чудни звуци од стомакот, како завивање, кркорење, зошто се случува тоа?
Гасови
Најчести и најочигледни причини за абдоминални звуци е движењето на гасови во стомакот. Дигестивниот систем се смалува и шири. Поради тоа гасовите кои се внатре заглавуваа што предизвикува да испуштаат звуци.
Проблеми со стомакот
Здравото, нормално варење не би требало да произведува некакви звуци. Дали вашиот стомак прави чудни звуци по вечера? Внимавајте на исхраната и исфрлете го она што може да прави проблеми со варењето.
Нема доволно влакна
Ако имате недостиг на влакна во исхраната, стомакот ќе се подуе. Тоа може да биде затоа што исхраната е премногу едноставна или затоа што не внесувате доволно влакна. Вишокот масти, протеини или јаглехидрати исто така може да ја предизвика оваа појава.
Гастро-интестинални проблеми
Постојат уште многу работи кои може да предизвикаат кркорење, неколку примери се синдром на нервозни црева, опстипација или Кронова болест.