Семките од сончоглед одлични се за кожата, коските и дигестивниот систем

Семките од сончоглед се вистинско богатство од витамини, минерали и други хранливи материи.
Најмногу се препорачуваат несолените и непечените семки од сончоглед.
Семките од сончоглед содржат витамин Е и магнезиум, па затоа се одлични за кожата, коските и дигестивниот систем.

-Здрави се за коските

Како што веќе напишавме, сончогледовите семки се богати со магнезиум, кој покрај калциумот е неопходен минерал за силни и цврсти коски. Овие семки содржат и бакар, кој е многу важен за функционирањето на ензимите кои им даваат сила и флексибилност на коските и зглобовите.

Витаминот Е во овие семки е доста ефикасен и за намалување на симптомите од артритис, благодарение на своите антивоспалителни својства.

-Ја подобруваат дигестијата

Поради големата количина на диетални влакна, семките од сончоглед се одлични за побрзо варење на храната и помагаат при лекување на опстипација.

-Ја штити кожата

Витаминот Е е една од клучните состојки на сочогледовото семе, кое има функција да ја штити кожата од оштетувања кои настануваат при метаболитичките процеси, како и оштетувања од сончевите зраци. Со самото тоа се спречува појава на брчки. Што се однесува до оние кои се чувствителни на сонце, би требало почесто да ги јадат сончогледовите семки, бидејќи покрај другото, содржат и бета каротен кој кожата ја прави помалку чувствителна на сонце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e