Крофна – набабрена мекица од киснато тесто пржена во масло за јадење или испечени во рерна. Името на ова печиво доаѓа од германскиот збор крафен, кое го има истото значење.
Постојат различни рецепти, но основата е иста. Обично, се посипуваат со шеќер во прав, шеќер, џем или пак мармалад. Крофните се пржат во врело масло или или се печат во рерна. Обично, крофната се полни со крем, пудинг и слично.
Потребни состојки:
• 500 гр. брашно
• 20 гр. свеж квасец
• 3 лажички шеќер
• 1/3 лажичка сол
• 200 мл. топло млеко
• изрендана кора од половина лимон
• едно пакување ванилин шеќер
• 3 жолчки
• 100 грама стопен путер
• мармалад или чоколаден крем за полнење
• шеќер во прав
Начин на подготовка:
1. Во 100 милилитри топло млеко ставете го квасецот и додадете една лажичка шеќер. Оставете на топло место да се подигне.
2. Во поголем сад, ставете го брашното и направете мала дупка во него во која ќе го ставите подигнатиот квасец. Потоа, додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, двете жолчки, изренданата кора од лимон и сол. Потоа, постепено додавајте ги и преостанатите 100 милилитри од топлото млеко и стопениот путер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
3. Тестото е најдобро прво да го изматите со миксер, а кога ќе стане доволно густо, префрлете го на работната површина и почнете да месите. Кога ќе почувствувате дека тестото е компактно и не се одвојува и лепи, оставете го да отстои еден час.
4. Откако ќе се подигне, поделете го на 12 мали делови кои потоа ќе ги обликувате во мали топчиња. Вака подготвени, наполнете ги со чоколаден крем или мармалад по ваша желба.
5. Тестото ставете го на тепсија обложена со хартија за печење и малку сплескајте ги топчињата за да добијат форма на крофни. Покријте ги и оставете ги да отстојат околу 40-тина минути. Кога ќе се подигнат, премачкајте ги со преостанатата жолчка и ставете ги во рерна, претходно загреана на 180 Целзиусови степени. Печете 15 до 20 минути, сè додека не поруменат.
6. Кога ќе ги извадите од рерна, посипете ги со шеќер во прав.