Рецепт за мали и крцкави ќофтиња од компири

Идеално совршено предјадење, најпримамлив додаток на зачинет специјалитет, дури и превкусна основа на комплетен оброк… Откако еднаш ќе ги направите крцкавите мини ќофтиња од компири, тие ќе прераснат во незаменлив дел од вашиот кулинарски „арсенал“ за освојување комплименти.

Ќофтиња од компири

Состојки

1 кг компири, излупени и рендани
1 главица жолт кромид, рендана
3 големи лажици брашно
Vegeta Natur за крцкави компирчиња
½ лажичка црн бибер
масло за готвење
млад кромид (за декорација)
кечап (опционално)
кисело млеко (опционално)
пире од јаболка (опционално)

Подготовка

Изрендајте го кромидот и оставете го да се цеди.
Излупените компири изрендајте ги (половина на крупно, половина на ситно). Веднаш префрлете ги во кујнска крпа и исцедете ја течноста од нив. Не чекајте премногу, бидејќи компирите ќе започнат да потемнуваат. Доколку ви се налага да почекате, ставете ги компирите во вода за да го спречите потемнувањето.
Во ренданите компири, додајте го кромидот, а потоа и брашното, зачинот Vegeta Natur за крцкави компирчиња и црниот бибер. Внимателно промешајте ја смесата.

Во тава за пржење, ставете доволно масло за да биде прекриено дното. Од смесата правете мини ќофтиња и ставајте ги да се пржат на средна температура. Не трудете се да бидат во правилна форма, бидејќи тоа е дел од шармот на ова јадење.

Пржете по околу 4 минути по страна, односно додека да добијат златна боја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e