Смути со цвекло и банана е одличен зимски напиток полн со витамини и минерали. Со висока содржина на калциум, влакна, манган, магнезиум, калиум, рибофлавин, витамин Ц и витамин Е, овој напиток е идеален оброк за брз утрински појадок, особено по празниците.
Светло розовата боја на ова смути ја дава цвеклото кое е богато со калиум, калциум, магнезиум, манган и железо.
Содржи и витамини од Б групата, меѓу кои најмногу се издвојуваат рибофлавинот и витаминот Ц, благодарение на кои овој напиток е идеален за студените зимски месеци и за зајакнување на енергијата наутро.
Калциумот е минерал кој ја регулира киселинско-алкалната рамнотежа во сите телесни течности, додека магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Манганот, исто така минерал, го олеснува метаболизмот на протеините и јаглехидратите и ги активира ензимите одговорни за употребата на клучните хранливи материи, како што се витамините Б, кои се неопходни за имунолошкиот и нервниот систем.
Витаминот Ц е исто така добар за функцијата на имунолошкиот систем и здравјето на кожата, а е и моќен антиоксиданс. Калиумот помага во комуникацијата со мускулите и нервите, движењето на другите хранливи материи во клетките и го одржува нивото на натриум во телото.
Состојки:
– 1 мало печено цвекло
– 1/2 замрзната банана
– 1 шолја млеко по избор
– прстофат сол
– засладувач по вкус (како што се урми, стевиа или јаворов сируп)
– 1 лажица какао во прав по желба
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во блендер додека не добиете изедначена смеса, истурете ги во чаша и уживајте.